Достапни линкови

Изгласана забрана за носење бурка во Белгија


Долниот дом на белгискиот парламент изгласа забрана за носење на бурката во јавност. Според усвоениот текст, забраната се однесува на тоа бурката со која муслиманските жени го прекриваат лицето и телото, да не се носи на јавни места како улици, спортски терени и објекти кои имаат јавен карактер. Се предвидува казна од 25 евра или седумдневен затвор. Забараната не може да стапи во сила се додека не биде одобрена и од сенатот.
XS
SM
MD
LG