Достапни линкови

logo-print

Престрелка кај Блаце, еден повреден


Едно лице е повредено во престрелка меѓу вооружени напаѓачи и македонската полиција денеска, јавија новинските агенции. Престрелката настанала откако македонските полициски сили се обиделе да извршат рација во неколку складишта во близина на Блаце. Непознатите напаѓачи избегале од местото на настанот, а полицијата запленила повеќе парчиња оружје, антитенковски мини и експлозивни направи. Според се уште неофицијални информации, еден од униформираните напаѓачи бил застрелан во ногата. Во претсрелката нема повредени полицајци.
XS
SM
MD
LG