Достапни линкови

Рен: разговорите за Грција ќе завршат за неколку дена


Еврокомесарот за европски и монетарни прашања Оли Рен изјави дека Унијата е при крај со договарањето на деталите за пакетот помош за Грција. Уверен сум дека разговорите ќе завршат во следниве неколку дена. Резултатот ќе биде повеќегодишна програма која би довела до големи фискални и структурни прилагодувања, изјави Рен денеска во Брисел. Германскиот канцелар Ангела Меркел, пак, во Берлин рече дека нејзината земја ќе помогне штом се исполнат предусловите, додавајки дека резултатите од разговорите ќе бидат познати за неколку дена. Германија бара Грција да воведе релијабилна стратегија за намалување на задолженоста.
XS
SM
MD
LG