Достапни линкови

Рекордно кратење на клучната руска каматна стапка


Руските власти денеска соопштија дека за осум проценти ја кратат клучната каматна стапка во земјата. Одлуката, која стапува на сила во петок, е тринаесетто кратење на каматната стапка за рефинансирање од април 2009 година. Станува збор за рекордно намалување на давачката кое се должи на зголемените проекции за раст на руската економија годинава. Согласно ревидираните проекции, во текот на 2010, во Русија би требало да се бележи економски раст од 4 насто, наспроти претходно предвидените 3 проценти.
XS
SM
MD
LG