Достапни линкови

logo-print

Украина ќе троши повеќе пари од буџетот


Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска потпиша закон за извршување на државниот буџет, согласно кој ќе се зголеми трошењето и позајмувањето од странство. Документот, кој вчера помина на собрание, за годинава предвидува зголемување на расходите од украинската народна каса за 19 проценти во споредба со лани. Буџетскиот дефицит е проектиран на 7,3 милијарди долари, или 5,3 отсто од очекуваниот бруто домашен производ за 2010 година. Меѓународниот монетарен фонд постави услов дефицитот да достигне 6 насто од БДП, со цел на Украина да и се одобри нов заем.
XS
SM
MD
LG