Достапни линкови

Вечерва последна ТВ дебата пред изборите во Британија


Тројцата кандидати на трите најголеми политички партии во Британија вечерва ќе се соочат на последна ТВ дебата пред изборите закажани на шести мај. Премиерот Гордон Браун, лидерот на Конзервативната партија Дејвид Камерон и Ник Клег од Либерално демократите ќе дискутираат за економијата во Обединетото кралство, што беше и главно прашање за време на предизборните кампањи. Вечерашната дебата следи по острите критики за однесувањето на Браун, кој за повозрасна госпоѓа рече дека е „забегана“.
XS
SM
MD
LG