Достапни линкови

Повеќе пораки во изјавата на Рикер


Амбасадорот на САД Филип Рикер
Амбасадорот на САД Филип Рикер

Изјавата на американскиот амбасадор Филип Рикер дека иднината на Македонија е доведена во прашање доколку не се реши спорот за името е тешко да се коментира бидејки во неа може да се кријат повеќе пораки, велат претставници на политичките партии. Според некои експерти таа е контрапродуктивна порака до македонската јавност и може да се толкува како директна закана и притисок за промена на името.

Без да ја прејудуцира намерата на изјавата, Зоран Заев од СДСМ оценува дека може да се однесува на економската иднина на земјва, за ДУИ сугерира дека треба да се концнтрираме врз евро атланска агенда но за експерите истата може да им даде идеја на радикални
Пред се, се надевам дека навистина е само тоа заради економската иднина на Македонија. Но, потоа како граѓанин се плашам да не претставува и за иднината во поглед на целовитоста на државата, знаејќи ги сите реакции коишто по ова прашање се случуваат и во албанскиот политички блок.
структури за дестабилизација на државата. Зоран Заев од СДСМ смета дека изјавата на американскиот амбасадор произлегува од актулените состојби во земјава:
Зоран Заев, СДСМ

„Пред се, се надевам дека навистина е само тоа заради економската иднина на Македонија. Но, потоа како граѓанин се плашам да не претставува и за иднината во поглед на целовитоста на државата, знаејќи ги сите реакции коишто по ова прашање се случуваат и во албанскиот политички блок.“

Фактите зборуваат дека имаме кандидатски статус за членство во НАТО и дека пред Самитот во Букурешт ни беше кажано дека ги исполнуваме сите услови за влез во Алијансата како и дека имаме препорака за почеток на членство во ЕУ. Ако за таква држава постои опасност од дестабилизација или како што рече Рикер дека се става голем знак на прашалник над нејзинта иднина доколку не се реши спорот со името паѓаат во вода сите досегашни реформи коментира професор Билјана Ванковска. Тоа е контрапродуктивна порака до македонската јавност што значи дека со еден потег ви се ништат сите какви и да се постигнувања на тој интеграциски пат вели таа
Буквално во очи ви ја кажува вистината, дека што и да сторите, главниот проблем е името, односно јас ова го читам како закана, дека ако не го смените името, ако не покажете поголема попустливост во овој спор, дека ќе ве снајде некаква поголема дестабилизација во која може да ви се случат етнички судири.

Професор Биљана Ванковска
„Буквално во очи ви ја кажува вистината, дека што и да сторите, главниот проблем е името, односно јас ова го читам како закана, дека ако не го смените името, ако не покажете поголема попустливост во овој спор, дека ќе ве снајде некаква поголема дестабилизација во која може да ви се случат етнички судири.“

За Тахир Хани од албанскиот коалициски партнер во власта кој не навлегува какви последици имлицира изјавата е важно тоа што како што вели таа доаѓа од САД

„Јас не би ја прејудуцирал изјавата или намерите за изјавата. Секако дека таа е добронамерна, и секако дека тој е загрижен за иднината на Република Македонија и тој секогаш ни сугерира кој е подобриот пат за нас.“

Инаку по вчерашното соопштението на странските амбасадори вчера веке видовме
дека веке постојат неколку толкувања односно секој гледа топката да му ја префрли на друг да го псочи како виновник како состојбите во земјава. И во таа смисла Ваноковска додава дека пораката е контрапродуктивна зошто на тој начин се доживува внатрешен раскол кога на оваа држава и е потребно единство.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG