Достапни линкови

Разговори меѓу премиерите на Индија и на Пакистан


Премиерите на Индија и на Пакистан, Манмонах Синг и Јусуф Реза Гилани, се состанаа денеска на маргините на регионалниот самит во Бутан. Нема детали од разговорите, освен дека станало збор за подобрување на односите меѓу двете ривалски земји. Индија и Пакистан, од независноста од Велика Британија во 1947-ма година, три пати беа во војна и сеуште имаат неколку спорни прашања, меѓу кои и за регионот Кашмир.
XS
SM
MD
LG