Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, брак од интерес?


Во последно време се почести се критиките на работата на владата кои доаѓаат од функционери на ДУИ. Според претставници на партијата тие ја делат власта со ВМРО-ДПМНЕ затоа што двете партии победија на изборите – едните кај македонското, а другите кај албанското гласачко тело. Според експертите, коалицијата се одржува од други причини. Тие велат – политиката во Македонија е најголем бизнис.

Одраз на изборната волја на граѓаните или брак од интерес? Функционери и пратеници на ДУИ, особено во последниве неколку месеци, ја критикуваат работата на владата, од која и самите се дел, а некои од нив и пожестоко отколку што тоа го прави опозиција.
Ние ниту сме настапиле заеднички на избори, ниту сме имале заедничка предизборна кампања. Според тоа, не може и не треба да се очекува дека за одредени политики ќе говориме исто, особено кога станува збор за политики што се однесуваат на етничките односи, за кои се знаат ставовите на ДУИ и всушност концептуално се разликуваат од оние на ВМРО ДПМНЕ

Портпаролката на ДУИ Ермира Мехмети Деваја вели дека нема пратеници на владејачката коалиција, туку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници на ДУИ.

Ермира Мехмети
„Ние ниту сме настапиле заеднички на избори, ниту сме имале заедничка предизборна кампања. Според тоа, не може и не треба да се очекува дека за одредени политики ќе говориме исто, особено кога станува збор за политики што се однесуваат на етничките односи, за кои се знаат ставовите на ДУИ и всушност концептуално се разликуваат од оние на ВМРО ДПМНЕ.“

Зошто, ако има концептуални несогласувања во однос на битни прашања коалицијата се уште функционира?! Мехмети Деваја вели дека тие ја делат власта со ВМРО-ДПМНЕ затоа што двете партии победија на изборите – едните кај македонското, а другите кај албанското гласачко тело.

„Ова е коалиција која ја одразува волјата на гласачите, а искуството покажа дека во Македонија владата во Македонија, коалицијата, мора да ја одразува волјата на гласачите, во спротивно, таа нема да функционира и би требало да се само распушти.“

Таа вели дека ДУИ е подготвена да ја преземе одговорноста за успесите и неуспесите на заедничките политики, но одговорноста за поединечните политики треба да си ја сностат партиите поединечно.
Во Македонија сеуште политиката е највносниот бизнис, и затоа ретко која партија може да опстане во опозиција, затоа што таа се храни од тука.


Ким Мехмети

Од друга страна, аналитичарот Ким Мехмети смета дека останувањето на ДУИ во владата е од други причини.

„Во Македонија сеуште политиката е највносниот бизнис, и затоа ретко која партија може да опстане во опозиција, затоа што таа се храни од тука. Особено не можат да опстанат албанските партии зад кои не стои некој поцврст бизнис, во однос на македонските партии каде што има етаблирани бизнисмени кои можат да држат и партија во опозиција.“

Ким Мехмети вели дека однесувањето на ДУИ, покажува колку е тешко да се седи на две столици. Тој се сомнева дека критиките кон власта се излети на поедини пратеници и функционери на ДУИ.

„Мислам дека тоа е стратегија на партијата. Да се затскрие тој вазалски однос кон ВМРО ДПМНЕ и едновремено и да останат вазали, а и пред народот да остават впечаток дека и тие се учесници во власта, а не министри со ограничена одговорност.“

Критиките од ДУИ кон власта, во која и самите се учесници, најчесто се однесуваат на меѓуетнички прашања и на прашања поврзани со спорот за името и евроинтеграциите на земјава.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG