Достапни линкови

Фридом Хаус: Македонија со делумно слободен печат


Во 2009 година е забележано намалување на слободата на печатот низ целиот свет, се наведува во најновиот извештај на Фридом хаус, невладина организација со седиште во Вашингтон која годишно ја мери слободата на печатот во 196 земји. Во минатата година, како што се вели, репресивните влади ја продолжиле тортурата врз ,,непослушните,, новинари, а многу злосторства врз нив останале неказнети. Меѓу најлошите се Туркменистан, Узбекистан, Белорусија, и Иран. Македонија со рејтинг 46 и натаму останува земја со делумно слободен печат и се најде на 94 место на листата. Од земјите од поранешна Југославија, пред Македонија се Србија, Црна Гора и Хрватска.
XS
SM
MD
LG