Достапни линкови

Обама сака да го потпише законот за контрола на Вол Стрит


Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека сака да го потпише законот со кој ќе се стават нови контроли на Вол Стрит. Обама изјавил дека регулаторниот пакет кој тој го подржува ќе им овозможи на финансиските институции да направат пари на старомоден начин, односно преку кредитирање на компании кои ќе создаваат нови бизниси со кој ќе се создадат нови работни места. Неговите коментари дојдоа откако републиканците се откажа од напорите да го блокирааат носењето на законот. Аналитичарите велат дека овие реформи се најповолни од времето на големата депресија во 30-тите години на минатиот век.
XS
SM
MD
LG