Достапни линкови

Политичкиот дијалог битен за ЕУ интеграциите


Евроамбасадорот Ерван Фуере
Евроамбасадорот Ерван Фуере

Евроамбасадорот Ерван Фуере потенцираше на важноста од вреднување на политичкиот дијалог на патот кон евроинтеграциите. Според шпанскиот амбасадор во Македонија Хозе Аугерас „не е потребна обременетост со минатото туку посветеност на иднината“. Амбасадорите учествуваа на „Европскиот појадок" во организација на Секретаријатот за европски прашања.

За евроатлантските интеграции важно е да се вреднува политичкиот дијалог, во процесот на пристапување да бидат влучени сите општествени актери, Собрането и собраниските тела да ја остваруваат својата улога да вршат надзор врз целиот процес и усогласување на законодавството, рече амбасадорот Ерван Фуере во своето потсетување за обврските кои треба да ги остварува земјава. Тој ова го кажа по критиките упатени до владата во понедечникот дека реформскиот процес е забавен, наведувајки дека сите критики треба да се гледаат од конструктивна гледна точка и побара и поголеми напори за воспоставување политички дијалог како единствен наичин за побрз напредок на Македонија:
Историјата на процесот на пристапување на останатите земји кон ЕУ покажува дека само преку добар политички дијалог и преку постигнување консензус може подобро да се напредува во
овој процес.


„Со претходнава точка може да ја поврзам и четвртата која сакам да ја нагласам, а тоа е вредноста на политичкиот дијалог. Историјата на процесот на пристапување на останатите земји кон ЕУ покажува дека само преку добар политички дијалог и преку постигнување консензус може подобро да се напредува во овој процес.“

Забрзување на процесот ќе се овозможи со квалитетни расправи и консензус по сите битни прашања во Националниот совет за евроинтеграции, како и парламентарните тела кои се надлежни за овие прашања, поголема транспарентност на процесот, истакна Фуере. Амбасадорот на кралството Шпанија во Македонија Хозе Мануел Паз у Аугерас се фокусираше на важноста на улогата што ја имаат балканските земји во процесот на евроинтегрирањето. Мапата на Европската унија нема да биде целосна, додека за неа не се вклучени и балканските земји.

„Не треба да сме обременети од минатото, туку посветено да се оди напред во процесот.“
Европски појадок во Македонија

Шпанскиот амбасадор во земјава го повтори ставот на шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос, дека шпанското претседателство останува посветено на проширувањето на ЕУ и влезот на балканските земји во Европската унија.

Ние остануваме посветени на исполнувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ, рече вицепремиерот задолжен за европски интеграции Васко Наумовски. Треба да се остават разликите на страна, а да се јакнат меѓусебните врски за да се постигне единство за остварување на заедничката цел - европската интеграција, рече вицепремиерот Наумовски и најави поинтензивна соработка, со, како што рече, сите што имаат што да кажат во процесот на евроинтеграции. Ова беше кажано на европскиот појадок што го организираше Секретаријатот за европски прашања во пресрет на 9-ти мај, а на кој присуствуваа претствници на Владата, јавната администрација, Парламентот, бизнис секторот, академската заедница, и на верските заедници.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG