Достапни линкови

logo-print

Обвиненија против претходната влада на Украина


Украинскиот државен обвинител денеска покрена обвинителска постапка против владата на поранешниот премиер на земјата Јулиа Тимошенко, за наводна проневера на 290 милиони американски долари од договор за продажба на квотите на јаглероден диоксид. Од канцеларијата на обвинителот соопштија дека проневерените сретства биле лански прилив од договор за откуп на емисии на јаглероден диоксид. Во соопштението не беше прозвана екс-шефицата на украинската влада. Актуелниот премиер Микола Азаров претходно ја прозва Тимошенко за масовни проневери на буџетски сретства, обвиненија кои екс-лидерката ги демантираше.
XS
SM
MD
LG