Достапни линкови

Бесими очекува подобрување на економската состојба


Министерот за економија Фатмир Бесими очекува во текот на годинава полека, но стабилно да се подобри економската состојба и покрај вчера изнесените податоци на Државниот завод за статистика за континуиран пад на индустриското производство во Македонија во последните три месеци. Ова ќе биде година на опоравување на стопанството од кризата во 2009 година и нема да биде лесно, но сепак продолжуваме со активностите за поддржување на економските активности, рече Бесими, додавајки дека одлуката на Народната банка за релаксирање на монетарната политика е знак за подобрување на состојбата.
XS
SM
MD
LG