Достапни линкови

Полициска рација во косовското Министерство за транспорт


Полицијата на Европската унија денеска извршила рација во просториите на косовското Министерство за транспорт и наводно привела повеќе вработени. Триесетмина полицајци во цивилна облека влегле во здрадата во Приштина денеска, јави новинската агенција „Асошиејтед Прес“. Рацијата на полициската мисија на ЕУ на Косово е дел од истрага предводена од канцеларијата на косовскиот обвинител и во рамките на истрагата се извршуваат „претреси на неколку локации низ Приштина“, соопштија од мисијата, не давајки дополнителни детали.
XS
SM
MD
LG