Достапни линкови

Средба Груевски - Вучиниќ


Македонија и Црна Гора треба постојано да ги надградуваат добрите билатерални односи преку проширување на правната рамка за соработка во различни полиња, а особено да ја интензивираат и прошират економската соработка помеѓу компаниите од двете земји, пред се во областа на градежништвото, туризмот и услугите. Ова го заклучија на денешната средба во Скопје Премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана на Црна Гора Боро Вучиниќ, кој е во посета на Македонија. На средбата станало збор и за традиционалните пријателски односи меѓу народите на двете земји, меѓу кои нема отворени прашања, како и заедничките надворешно - политички приоритети и цели за членство во ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG