Достапни линкови

Гаранција за стабилност на еврозоната покрај грчкиот „џанк“ долг


Европската унија и Европската централна банка се детерминирани да ја гарантираат стабилноста на еврозоната во услови на страв од евентуално проширување на грчката должничка криза, рече денеска првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Тензија се шири на светските финансиски пазари денеска откако еврото забележа најголем пад во однос на американскиот долар во изминативе година дена. Странските агенции, пак, го намалија грчкиот кредитен рејтинг за три степени, прогласувајки го долгот на земјата за, популарно кажано, „џанк“ со висок ризик.
XS
SM
MD
LG