Достапни линкови

Рикер:часовникот отчукува ... ние ги охрабруваме и Македонија и Грција


САД сметаат дека Македонија мора да го реши спорот за името со Грција бидејќи од тоа зависи нејзината иднина, а Вашингтон цврсто ја поддржува на тој пат кон европска и евроатланска интеграција, изјави денеска американскиот амабасадор во Скопје Филип Рикер. „Не треба фокусот да се става на решенијата што не се прифатливи, туку на оние што се прифатливи. Часовникот отчукува и тоа треба да се стори веднаш, а ние ги охрабруваме и Македонија и Грција да го направат тоа“ рече Рикер. Амбасадорот се надева дека Скопје и Атина се блиску до договор, дека работат напорно и дека преку контактите на високо ниво ќе се дојде до решение. Вчерашната заедничка изјава на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД за доследно почитување на Рамковниот договор и подобрување на политичкиот дијалог е одговор на некои коментари дадени во послеодно време кои не се на тој пат, рече Рикер.
XS
SM
MD
LG