Достапни линкови

Советодавниот тим на НАТО во Македонија до членството во Алијансата


Долгорочниот план за развој на одбраната и стратегијата за новата структура на сили на АРМ се приоритетите во наредните неколку месеци, за кои ќе се побара и совет од НАТО советодавниот тим во Македонија. Ова го изјави денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски по средбата со високиот воен претставник на НАТО и командант на НАТО штабот во Скопје комодорот Валентин Гагашев и новиот вршител на овие две функции бригадниот генерал Давид Хумар од Република Словенија.
Според Коњановски, советодавниот тим на НАТО треба да остане во Македонија до моментот кога земјата ќе стане полноправна членка на Алијансата.
Новиот високиот воен претставник на НАТО во Скопје бригадниот генерал Давид Хумар изјави дека Македонија е одличен партнер на Алијансата, особено во операциите предводени од НАТО.
XS
SM
MD
LG