Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ молчи по предупредувањето на меѓународните преставници


Власта молчи, опозицијата е загрижена, а партиите од албанскиот блок го поздравуваат заедничкото писменото обраќање на претставниците на четирите клучни меѓународни фактори во земјава.

Шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД во Скопје, во вчерашната заедничка писмена изјава, изразија загриженост за, како што стои, неодамнешните изјави на политички лидери и на други поединци кои зборуваат за поделба, конфликт и напуштање на
Ако треба да ја упростиме пораката, таа би требало да гласи вака, меѓуетничкиот мир, внатреетничкиот мир се предуслови за интеграцискиот процес, поточно за функционален ефективен компромис со Република Грција како предуслов за интеграции.
Охридскиот рамковен договор. Тие ги повикуваат сите политички лидери да ја потврдат својата целосна посветеност кон Охридскиот рамковен договор и кон јакнењето на политичкиот дијалог и реформите.

Во владата и во владејачката ВМРО-ДПМНЕ утринава не беа достапни за коментар на писмото.

Портпаролката на коалициониот партнер ДУИ, Ермира Мехмети Деваја вели дека писмото од меѓународните институции доаѓа во вистинско време. Сведоци сме дека во последниве неколку месеци се заострува реториката на политичките актери, се провоцираат меѓуетнички и меѓурелигиски тензии и се повикува на реорганизација на системот, вели таа.
Мехмети Деваја посочува дека посветеноста на рамковниот договор и политичкиот дијалог се клучни во период кога од земјава се очекува, како што вели, „тежок компромис“ за името.

„Ако треба да ја упростиме пораката, таа би требало да гласи вака, меѓуетничкиот мир, внатреетничкиот мир се предуслови за интеграцискиот процес, поточно за функционален ефективен компромис со Република Грција како предуслов за интеграции.“
Покажува дека е дојден „нож до коска“ и дека процесите во земјата не само што не се движат во исправна насока, туку се движат во обратна насока и дека демократијата во земјата сериозно стагнира, дека владата наместо да се бави со реформите се бави со погрешни работи и загриженоста за иднината на земјата е очигледна.

Андреј Петров, секретар на СДСМ

Пратеникот Андреј Петров од опозицискиот СДСМ вели дека ваквиот начин на комуникација од четирите клучни субјекти на меѓународниот фактор е крајно загрижувачки. Нивното писмо покажува дека земјата не се движи во вистинска насока, вели Петров.

„Покажува дека е дојден „нож до коска“ и дека процесите во земјата не само што не се движат во исправна насока, туку се движат во обратна насока и дека демократијата во земјата сериозно стагнира, дека владата наместо да се бави со реформите се бави со погрешни работи и загриженоста за иднината на земјата е очигледна.“

Пратеникот Сулејман Рушити од Нова Демократија вели дека претставниците на меѓународните институции го пишуваат токму тоа што Нова демократија го зборува постојано. Според Рушити, обраќањето е добронамерно и неопходно.

„Гледајќи ги политичките настани сметам дека е неопходно, односно сметам дека треба да бидат и позачестени.“

Шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД во Скопје се спротивставуваат на каков било вид насилство и закани со насилство, бидејќи, како што пишуваат, тоа само ќе му наштети на политичкиот и на економскиот прогрес, и е сосема спротивно на вредностите што ги застапуваат.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG