Достапни линкови

Како се живее во Македонија?


Платите исти, животот поскап, но ни пред четири години не беше баш розово. Вака го опишуваат граѓаните својот животен стандард. Вашите мислења можете да ги оставате во рубриката „Хајд Парк“

Платите исти, животот поскап, но ни пред четири години не беше баш розово. Вака го опишуваат граѓаните својот животен стандард. Едни живеат полошо други подобро, а платите одвај им стигнуваат за да платат сметки и да купат храна.

„Сметките, четири – пет години полошо. Фирмата во која работев исто.“
„Мислам дека за нијанса полошо, но и тогаш пред четири години не беше розово.“
„Безработица“
„За мене моментално подобро е сега.“

Ова го велат анкетираните граѓани во Хајд паркот на нашата интерент страница, makdenes.org или slobodnaevropa.mk каде и вие можете да го оставите вашето мислење за тоа каков е вашиот живот денеска во споредба со пред четири години.
Многу пати некои сакаат да го задскријат од реалноста и животот, меѓутоа навистина таа постои, опфатени се сите аспекти од животот и нормално се трудиме да постигнеме социјално вклучување на сите општествено сензибилни групи.

Експертите велат дека треба да се преземат поголеми чекори во борбата со сиромаштијата и подобрување на животниот станадард. Според официјалните податоци индексот на сиромаштија во Македонија е околу 30 проценти, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен.

Заменик министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристоски вели дека Македонија има стратегијата за борба против сиромаштијата и социјално вклучување.

„Многу пати некои сакаат да го задскријат од реалноста и животот, меѓутоа навистина таа постои, опфатени се сите аспекти од животот и нормално се трудиме да постигнеме социјално вклучување на сите општествено сензибилни групи.“

Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија, повеќе од 53 илјади семејства земаат социјална помош. На работ на сиромаштијата живеат околу 23 илјади луѓе кои поради кризата останаа без работа, а невработени има повеќе од 300 илјади луѓе.

За да го оставите Вашето мислење на оваа тема, кликнете тука
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG