Достапни линкови

Убиени двајца турски војници во Хакари


Двајца турски војници се убиени, а други двајца се ранети во напад извршен од членови на Курдската работничка партија во југоисточниот турски округ Хакари, јавија денеска турските медиуми.Војниците учествувале во операција за „чистење“ на планинскиот регион покрај градот Шемдинли, кога кон нив бил отворен оган од курдските бунтовници.
ПКК на која се гледа како на терористичка групација во Турција 25 години се бори за автономија на југоисточниот дел на земјата, населен претежно со Курди. Во судирите меѓу турските сили за безбедност и курдските бунтовници досега живтотот го загубиле околу 45 илјади лица.
XS
SM
MD
LG