Достапни линкови

Министерски состанок за интеркултурниот дијалог во регионот


Министрите за внатрешни работи од поранешните југословенски републики и од Австрија, Бугарија и Романија денеска и утре во Сараево ќе учествуваат на конференцијата насловена „ Интеркултурен дијалог и внатрешната безбедност“. На собирот ќе стане збор за заедничките европски вредности и интеркултурниот дијалог во секојдневниот живот, од аспект на безбедносната политика и како инструмент против радикализацијата.
XS
SM
MD
LG