Достапни линкови

logo-print

Намален кредитниот рејтинг на Грција и на Португалија


Рејтинг агенцијата „Стандард енд Пур“ го намали за три степени кредитниот рејтинг на Грција, односно до категорија на шпекулативни инвестиции или „junk“ (долг со висок ризик). Преходно агенцијата за два степена го намали и кредитниот рејтинг на Португалија. Ова се случува во момент кога Грција повикува да и се доделат кредити во вредност од 45 милијарди евра од другите земји од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд. Намалувањето на рејтингот значи дека Атина ќе плаќа повеќе камати за своите заеми, доколку одлучи повторно да излезе на должничките пазари.
XS
SM
MD
LG