Достапни линкови

Концерт на Дуо Скупи во КИЦ


Со дела на Девиен, Хајдн, Пијацола и обработки на стари албански песни, во Културно-информативниот центар во Скопје, концерт ќе одржи дуо Скупи кое го сочинуваат флеитистката Јета Старова Мехмети и виолинистот Ермал Мехмети, млади, но извонредно талентирани инструменталисти.

Продолжувајќи ја извонредната серија на концертни настапи која само во последниве неколку години вклучува изведби на значајни фестивали и манифестации во земјава како Охридско лето, Есенски музички свечености, Топол културен бран и други, перформанси во Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово и во САД, награда на меѓумародниот фестивал во Рагуза – Италија, дуо Скупи се реши за нова средба со домашната публика. Овојпат таа се обистинува на сцената во Културно-информативниот центар и подразбира одбрана програма темелена на дела на класичните композитори и она што е својствено за флеитиската Јета Старова Мехмети и виолинистот Ермал Мемети – истражувањето на фолклорот. Притоа нивниот одбир во случајов донесува дури и премиерни изведби за што Ермал Мехмети забележува:

„За прв пат можам да кажам дека настапувавме со едно такво дуо напишано од Девиен во времето на доцниот класицизам и баш сме радосни што најдовме такво дело што постои за виолина и флејта.“
За прв пат можам да кажам дека настапувавме со едно такво дуо напишано од Девиен во времето на доцниот класицизам и баш сме радосни што најдовме такво дело што постои за виолина и флејта.


Од друга страна, посебно бележита е потребата на дуо Скупи да ја истражува албанската традиционална музика, нејзините специфики и да ја обработува на еден само ним својствен начин, за што виолинистот дополнува.

„Ние повеќе се фокусираме на преработка на старите фолклорни теми секогаш ги истражуваме ги наоѓаме и од нив правиме дело што е прифатливо за човековото уво.“

Интересно е и тоа што Ермал Мехмети до неодамна беше член на една од највозбудливите овдешни рок групи БЛА БЛА БЛА кои во поттекст на своето делување, особено на првиот албум, го имаа токму фолклорот пропуштен низ сензибилитетот на млади урбани луѓе. И, додека Идриз Амети со новите придружници ги најавува настапот на Аларма панк-џез фестивал во Софија и мини-турнејата во Холандија, Ермал Мехмети држејќи се до непишаното правило на дуо Скупи да говори само кога има потреба за тоа и натаму не сака да ги најавува престојните перформанси.

„Секогаш би сакале тоа да остане една позитивна мала тајна, тоа ни е еден наш ритуал.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG