Достапни линкови

logo-print

Рекорден пад на берзата во Атина


Тргувањето на берзата во Атина денеска бележи рекорден пад. Индексот „Атекс“ изгуби нешто повеќе од шест проценти денеска, што претставува најдрастично намалување од Октомври минатата година. Новинските агенции јавија дека аналитичарите го припишуваат падот на стравувањата на инвеститорите од платежната неспособност на Грција во однос на нејзините долгови. Како што пишува во агенциските извештаи, на пазар на хартии од вредност во Атина се шпекулира дека земјата можеби нема на време да ја добие предвидената помош од Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG