Достапни линкови

Турција и Азербејџан се договориле за цената на природниот гас


Турција и Азербејџан се договориле за цената на природниот гас, јавија новинските агенции. Туртскиот министер за енергетика Танер Јилдиз изјавил дека претставници од двете земји направиле основен договор за цената на азербејџанскиот природен гас кој ќе и се доставува на Турција. Останува да се реши прашањето за транзит на суровината од Азербејџан низ Турција кон други земји, изјавил турскиот министер. Од решавањето на ова прашање ќе зависи и успехот на проектот за гасоводот „Набуко“ чија изграбда ја подржува Европската унија.
XS
SM
MD
LG