Достапни линкови

МВР се уште ги расчистува случаите со банкарски грабежи


Полицајци во центарот на Скопје
Полицајци во центарот на Скопје

Неколку банкарски грабежи, убиство во Чаир, киднапирани деца... Овие настани се случија изминатиов период во Македонија. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите, а граѓаните велат дека почнуваат да ја губат довербата и да се плашат за безбедноста.

Два пати беше ограбена експозитура на иста банка, имаше убиство во пицерија во Чаир, пријава за киднапирано дете во Моране. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во расчистување на овие случаи побара поголема будност и активност од Секторот за внатрешни работи, а најави и дека се користи нова организација и методи во превентивата и реагирањето.
Собрани се одреден број докази и одреден дел на индикатори што одат во насока на расчистување на кривичните дела меѓутоа неопходно е да стигнеме до финална реализација и конечно да бидат приведени сторителите на овие кривични дела.


„Собрани се одреден број докази и одреден дел на индикатори што одат во насока на расчистување на кривичните дела меѓутоа неопходно е да стигнеме до финална реализација и конечно да бидат приведени сторителите на овие кривични дела.“

Потребни се одредени активности што значат собирање на нелегалното оружје што е во оптек коментираат дел од граѓаните по последните акти на насилство кои се случуваат во текот на денот во центарот на главниот град. И статистиките говорат дека најголем дел од овие престрелки се престрелки во кои е употребено оружје кое се поседува без дозвола. Според дел од скопјани, впечаток е дека акти на насилство се случуваат во одредени делови на градот, а на други не им влеваат доверба последните случувања со ограбувања на експозитури на банки:

„Се случува не само носење на оружје туку и вадење на оружје. Не е битно дали е преку ден или навечер и тоа од лица што не би требало да носат.“

„Тоа се случува обично во одредени делови од градот, а каде што се движам јас се чувствувам безбедна.“
Се случува не само носење на оружје туку и вадење на оружје. Не е битно дали е преку ден или навечер и тоа од лица што не би требало да носат.


„Кога станува збор за банките мислам дека е потребно во своите експозитури да си постават и луѓе кои што ќе бидат задолжени за осигурување на парите.“

Можеби фокусот треба да биде на друго место, а не само во позасилено присуство на полицијата коментираат оние кои не се задоволни од процентот на откриени сторители на кривичните дела:

„Не може полицијата да се најде на секое место каде што има престрелка. На полицијата работата е после таа престрелка да го најде осомничениот, да изврши увид, да направи се што треба.“

„Може малку мерките да се засилат, принципите на давање оружје.“

Од почетокот на годинава ограбени девет банки. МВР се уште не ги расчистила грабежите. Се уште трага и по убиецот од Чаир. Може да се заклучи за комплексни и сериозни кривични дела каде што сторителите се добро опремени и добро подготвени. Очигледно потребно малку повеќе време за да сите овие докази и сите овие информации се стават во контекст на извршените дела, што во крајна линија би значело нивно расчистување, односно финална реализација, додаде Јанкуловска
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG