Достапни линкови

logo-print

Бразил бара гаранции од Иран за нуклеарната програма


Министерот за надворешни работи на Бразил Целсо Амориум денеска побара од иранските власти да понудат гаранција дека нивната нуклеарма програма нема да се користи за воени цели. Министерот исто така испрати апел до западните земји да покажат флексибилност кон Иран. Додека другите земји членки на советот за безбедност при Обединетите нации предлагаат нова серија санкции против исламската република, Бразил вчера ја промовираше подршката за Иран. Бразилскиот претседател Луиз Инацио да Силва треба да отпатува во официјална посета на Техеран во мај.
XS
SM
MD
LG