Достапни линкови

Претставници на странски мисии загрижени за Охридскиот договор


Шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и американскиот амбасадор во Скопје денеска во заедничка писмена изјава изразија загриженост за неодамнешните изјави на политички лидери и на други поединци кои зборуваат за поделба, конфликт и напуштање на Охридскиот рамковен договор. Тие ги повикуваат сите политички лидери да ја потврдат својата целосна посветеност кон Охридскиот рамковен договор и кон јакнењето на политичкиот дијалог, охрабрувајки и постојан прогрес во сите реформи потребни за остварување на надворешно-политичките цели на земјата. Според првите луѓе на странските мисии, во Македонија се забележува општо опаѓање на политичкиот дијалог.
XS
SM
MD
LG