Достапни линкови

Бугарија бара ревизија на договорот за увоз на руски гас


Бугарската државна компанија „Булгаргаз“ бара од рускиот енергетски гигант „Газпром“ ревизија на договорите за транзит на руски гас кон Македонија, Грција и Турција. „Булгаргаз“ бара корекција на цената за транзит на природниот гас која сега изнесува 1,7 долари за 1000 метри кубни на 100 километри. Бугарската агенција „Новините“ пренесува дека веќе се почнати преговори меѓу Бугарија и Русија за нови договори околу увозот и транспортот на рускиот гас. Бугарската страна, исто така, бара право на ре-експорт на неискористениот гас што ќе го увезе од Русија.
XS
SM
MD
LG