Достапни линкови

Русија и Норвешка го „поделија“ Баренцовото море


Лидерите на Русија и Норвешка денеска рекоа дека постигнале договор за границата во Баренцовото море, со што се става крај на 40 годишен спор меѓу двете земји. Морето е поделено на два еднакви по важност делови, изјави денеска премиерот на Норвешка Јенс Столтенбер на заедничка прес конференција со рускиот претседател Димитриј Медведев во Осло. Спорот датира од 1970 година. Несогласувањето беше околу поморската граница меѓу двете земји, реон за кој се претпоставува дека е богат со нафта и природен гас.
XS
SM
MD
LG