Достапни линкови

Економската криза ќе потрае


Економските показатели за сега не покажуваат излез од кризата
Економските показатели за сега не покажуваат излез од кризата

Во март е забележан пад на индустриското производство од 2 проценти. Според владините претставници, Македонија е излезена од рецесија. Стопанствениците и експертите согласни – економската криза ќе потрае.

Последните податоци на Државниот завод за статистика дека во март раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти понеповолна од претходниот месец и дека обемот на производство бележи пад од речиси 2 проценти се показател дека земјата сеуште не излегла од криза велат дел од експертите. Според податоците најголемо влијание во ограничување на обемот на
Нашите податоци коишто ги имаме од работодавачите, кажуваат дека сеуште е слаба наплатата, извозот е слаб, побарувачката е падната, сеуште сме во економска криза. Најавите од ЕУ и владата се едни, а реалните состојби
други.
производство е неповолната странска и домашна побарувачка, како и финансиските проблеми и неизвесното економско опкружување. Состојбата на компаниите е далеку од розова и оптимистичките најави оти кризата е далеку зад нас не се реални, вели претседателот на регионалната унија на работодавачи Миле Чупетрески.

„Нашите податоци коишто ги имаме од работодавачите, кажуваат дека сеуште е слаба наплатата, извозот е слаб, побарувачката е падната, сеуште сме во економска криза. Најавите од ЕУ и владата се едни, а реалните состојби други.“

Негативните резултати од кризата сеуште се чуствуваат и неможе набрзо да очекуваме пресврт во домашната економија, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.

„Не очекувам брзо закрепнување на македонската економија така како што ние сакаме. Освен тоа, банките најавија дека ќе почнат со поповолно кредитирање за претпријатијата, но прашање е кога тоа ќе почне да се реализира.“

Освен поповолни кредити за компаниите потребно е и да се остварат реформите, вели Потевска.

„Реформите кои се започнати, а кои значат отстранување на бариерите во со
Не очекувам брзо закрепнување на македонската економија така како што ние сакаме. Освен тоа, банките најавија дека ќе почнат со поповолно кредитирање за претпријатијата, но прашање е кога тоа ќе почне да се
реализира.
здавање услови за полесно работење. Ефикасен судски систем, ефикасна администрација, се да биде во функција на побрз почеток на претпријатијата, но и побрзо затворање на неефикасните претпријатија.“

За разлика од експертите, министерот за финансии Зоран Ставревски пред неколку недели изјави дека Македонија официјално излезе од рецесија, бидејќи во последниот квартал од 2009 година бруто домашниот производ забележал раст од 1,2 отсто. Од министерството за економија предвидуваат еконосмски раст од 2 отсто и сметаа дека вториот период од годината е клучен дали прогнозите ќе се остварат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG