Достапни линкови

Украина и Русија го ратификуваа договорот за базата на Крим


Парламентот на Украина денеска го ратификува договорот со кој руската морнарица ќе ја задржи базата на Крим до 2042 година. Гласањето се одржа и покрај тензичната атмосфера меѓу пратениците и протестите пред зградата на парламентот. Следбениците на поранешниот претседател Виктор Јушченко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко протестираат против овој договор тврдејќи дека ги загрозува националните интереси. Во руската Дума договорот денеска беше одобрен без големи проблеми.
XS
SM
MD
LG