Достапни линкови

Милошоски: Македонско претседателство 2010 најсоодветно


,,Македонско претседателство 2010,, е најсоодветен термин за именување на претстојното претседавање на Македонија со Советот на Европа, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во интервју за Дојче Веле. Според него, во досегашните подготовки целокупната кореспонденција за претседателството со Советот го содржел овој термин кој, како што вели, не би бил во колизија со нормите на Советот на Европа. На 11 мај на 120-та сесија на Комитетот на мининстрите Македонија ќе го преземе претседателството од Швајцарија.
XS
SM
MD
LG