Достапни линкови

logo-print

Закани со смрт за Стипе Месиќ


Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ пријавил во полиција дека му се заканиле со смрт. Портпаролот на хрватското министерство за внатрешни работи Крунослав Боровец изјави дека заканувачката порака била објавена на социјалната интернет мрежа Фејсбук, каде што била основана група под името „ Смрт за Стипе Месиќ“. Боровец додава дека во последниве две години најмалку 6 пати поранешниот претседател добил заканувачки пораки по телефон и писма со кои му се заканувале дека ќе го убијат него или член од неговото семејство.
XS
SM
MD
LG