Достапни линкови

logo-print

Ерменија и Турција да ги подобрат односите, повикува ЕУ


Европската Унија ги повикува Ерменија и Турција да го продолжат процесот на нормализација на односите, се вели во декларацијата на европскиот министер за надворешни работи Кетрин Ештон. Таа во документот изразува загриженост поради забавувањето на процесот меѓу овие две земји и укажува на потребата што е можно побрзо да започнат дијалог без предуслови. Ештон додаде дека Европската Унија е подготвена да укаже секаква помош.
XS
SM
MD
LG