Достапни линкови

Блокирана дебатата за финансиски реформи во Сенатот на САД


Американските републиканци во Сенатот го блокираа почетокот на дебатата за реформите во финансиската регулатива. Демократите и Републиканците треба да започнат расправа за нацрт законот подржан од американскиот претседател Барак Обама за воведување на најголемите реформи во регулативата во последниве 60-тина години. Републиканците велат дека законот не оди доволно далеку во реформите, а Демократите сметаат дека нивните противници сакаат само да го заштитат Вол Стрит. Демократите не успеаја да ги добијат потребните 60 гласа за да започне дебатата за законот.
XS
SM
MD
LG