Достапни линкови

Русија може да поддржи санкции за Иран ако нема друг излез


Рускиот претседател Дмитри Медведев во телевизиско интервју за данска ТВ станица изјави дека Москва може да ги поддржи санкциите на Обединетите Нации за Техеран доколку се исцрпат сите други начини. Медведев во неколку наврати изјави дека Русија како член со право на вето во Советот за Безбедност во Обединетите Нации нема да гласа против санкциите за Иран, но тие не треба да и наштетат на пошироката популација. Соединетите Американски Држави и западноевропските земји го обвинуваат Иран дека се обидува да направи нуклеарно оружје. Русија се уште гласно не ги поддржала овие тврдења но истакна дека Иран треба да гради доверба со меѓународната заедница и да докаже дека нуклеарната програма нема да се користи за производство на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG