Достапни линкови

Визна либерализација за Албанија и БиХ до крајот на годинава?


Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Луксембург изјави дека Албанија и Босна и Херцеговина најверојатно ќе добијат визна либерализација до крајот на оваа година. Тој додаде дека очекува „ зелено светло “ да добијат за време на средбата на претставници од Европската Унија и Балканот во Сараево на 2 јуни. Фратини истакна дека конечното решение може да биде донесено до октомври, а визите да бидат укинати во декември.
XS
SM
MD
LG