Достапни линкови

Масовно отсуство од работа на грчките воени пилоти


Стотици пилоти од грчките военовоздушни сили не отишле на работа, под оправдание дека се болни, известуваат новинските агенции. Според Министерството за одбрана, масовното отсуство од работа е организиран протест против намалувањето на платите на пилотите, како дел од владините мерки за справување со огромниот буџетски дефицит на земјата. Заради скриената форма на протестот беа откажани стотици тренинг летови. Законот им забранува на воените пилоти да штрајкуваат, но им дозволува да не летаат ако се болни.
XS
SM
MD
LG