Достапни линкови

Македонија се оддалечува од ЕУ?


Македонско знаме и знамето на ЕУ
Македонско знаме и знамето на ЕУ

Евроамбасадорот Ерван Фуере вели дека последните закони за антидискриминација и управување на води ја оддалечуваат Македонија од ЕУ, што претставува загрижувачка состојба. И дел од опозицијата смета дека законите треба да бидат усогласени со европските стандарди, додека за власта законите се добри.

Последните донесени закони за антидискриминација и управување на води ја одалечуваат Македонија од Европската Унија и ова е загрижувачка состојба, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој порача Владата да ги користи европските совети за да ги подобри законите кои ќе ја донесат земјта поблиску до Европа.
Ова се примерите кои ја истакнуваат нашата загриженост и ако се продолжи вака ќе се поткопа постигнатиот прогрес во 2009-та година.
Зошто е тоа така?

„Ова се примерите кои ја истакнуваат нашата загриженост и ако се продолжи вака ќе се поткопа постигнатиот прогрес во 2009-та година. Зошто е тоа така?“

Примерите како што се законот за антидискриминација и законот за водите и судските реформи ќе бидат негативни поени кои ќе влезат во извештајот, додаде Фуере. Пратеникот Сулејман Рушити од Нова Демократија, вели дека Македонија, со последните случувања, се одалечува од евроинтегративните процеси.

„Се случија неколку работи кои не одалечуваат. Освен политичкиот став, законот за антидискриминација е тотално спротивен на европските закони, се кријат писма од страна на еврокомесари кои што треба да им бидат достапни на пратениците.“

Пратеничката на СДСМ, Станка Атанасова на собраниската комисија за европски прашања изјави дека постојат проблеми при усогласувањето на македонското законодавство со европското право.
Се случија неколку работи кои не одалечуваат. Освен политичкиот став, законот за антидискриминација е тотално спротивен на европските закони.


„Не се кажува дека имало некакви проблеми, всушност сите знаеме и македонската јавност знае за неколку закони како се гласаа во Собранието, имаше дури и напуштање на пратеничката група на СДСМ од некои закони. Понатаму значи, не биле донесени со висок консензус во Собранието.“

На собраниската расправа за европски прашања, пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО ДПМНЕ вели дека не се согласува со тврдењето дека законот за антидискриминација е неевропски.

„Овој закон е донесен во целосна консултација со невладиниот сектор и делот на она што се вели сексуална ориентација е целосно опфатен со законот за работни односи, а на индиректен начин е опфатен во законот за државни службеници, така што Македонија навистина има европски закони во оваа област.“

Арсов вели дека годинава од предвидените 103 европски закони донесени се 38.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG