Достапни линкови

Изградба на нов граничен премин на македонско - косовската граница


Изградба на нов граничен премин Белановце - Станчиќ на македонско - косовската граница со 1,2 милиони евра од Европската унија, предвидува програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, чија содржина ја финализираат денеска во Скопје работни групи предводени од министрите за локална самоуправа на двете држави. Покрај стратешкиот проект за граничниот премин Белановце-Станчиќ, вредноста на останатите предвидени проекти за кои ќе има јавен повик е 1,080 милиони евра, рече на прес-конференција македонскиот министер за локална самоупрва Муса Џафери кој со косовскиот колега Садри Ферати потпиша Меморандум за согласност за програмата за прекугранична соработка. Министерот Ферати оцени дека програмата е историски договор, со оглед дека е прв постигнат во таа област меѓу двете држави.
XS
SM
MD
LG