Достапни линкови

Поништени гласови од изборите во Ирак


Ирачкиот суд денеска ги поништи гласовите на 52 кандидати од парламентарните избори поради нивната поврзаност со забранетата партија „Баат“ на Садам Хусеин. Ваквиот потег ги става под знак прашалник гласовите од изборите кои се одржаа во март годинава. Портпарол на судот потврди дека со поништувањето на гласовите, двајца кандидати ги изгубиле местата во парламентот, кои ги добиле на изборите на седми минатиот месец. Одлуката на судските власти следи по иницијатива за пребројување на ливчињата собрани од гласачите во Багдад.
XS
SM
MD
LG