Достапни линкови

Братот близнак на Качински ќе се кандидира за претседател на Полска


Јарослав Качински, братот близнак на покојниот полски претседател Лех Качински, ќе се кандидира за шеф на државата на вонредните претседателски избори. Информацијата ја објави полската државна новинска агенција, не откривајки ги изворите. Како што објави медиумот, Качински ќе биде кандидат на десничарската Партија за Закон и Правда. До вонредните избори во земјата закажани на 20 јуни, должноста претседател ја извршува Борислав Коморовски кој, според неофицијални проценки, можеби ќе добие повеќе гласови на изборите.
XS
SM
MD
LG