Достапни линкови

logo-print

Руските власти екстрадираа екс министер на Киргистан


Руските власти уапсија и екстрадираа поранешен Киргистански министер кој исчезна за време на немирите во земјата кон почетокот на месецов. Заменик-шефот на привремената влада во Киргистан денеска потврди дека руската полиција им го предала Молдомуза Когантиев, кој беше министер за внатрешни работи во Киргистан пред да настанат немирите. Конгантиев исчезна по немирите на седми и осми овој месец. Руските медиуми јавуваат дека тој бил уапсен во Москва во неделата. За сега не се знае како екс- министерот за внатрешни работи избегал во Москва. Киргистанската привремена влада им се заблагодари на руските власти за екстрадицијата.
XS
SM
MD
LG