Достапни линкови

Фуере предлага итни билатерални разговори со Грција


Изјавата на премиерот Никола Груевски за евроамбасадорот Ерван Фуере ја покажува ургентноста за билатерални разговори меѓу Македонија и Грција. Груевски вчера рече дека доколку медијаторот Метју Нимиц достави предлог „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба, тој би гласал против на референдумот кој би се распишал . Со ова се нагласува суштинската важност за билатерални договори меѓу двете страни за да се реши овој проблем. Не преку јавни изјави од која било страна, бидејки тоа може да доведе само до недоразбирања, рече Фуере. Според него, најавите за референдум за ова прашање се преуранети заради тоа што не сме дошле до фазата за финални преговори и решение на спорот.
XS
SM
MD
LG