Достапни линкови

Херман Ван Ромпеј, претседателот на Европската унија, деновиве одвои време од политиката за да присуствува на еден книжевен собир во Брисел по повод објавувањето на неговата нова книга хаику поезија. Неодамна именуваниот шеф на Унијата е страствен составувач на традиционалните јапонски кратки песни.



Три бранови.
Се тркалаат заедно до пристаништето.
Триото е дома.


Тоа е хаику. Поетска форма од класичната јапонска литература која вклучува само три стихови што не се римуваат. Таа е премногу едноставна. Опишувајќи ја оваа појава со брановите во природата, песната всушност ја означува соработката меѓу трите земји членки на Европската унија: Белгија, Шпанија и Унгарија. Ова песна е една од малкуте од хаикуто на Ромпеј која се однесува на политиката. Првиот претседател на Европската унија, 62-годишниот белгиски поет, е човек кој својот политички профил го чуваше скоро незабележливо се до неговото наименување во декември минатата година. Не е претерување ако се каже дека Ван Ромпеј и сега е подобро познат како литературна фигура отколку како лидер на 27 земји членки. Ајде повторно да влеземе во стиховите на Хаику Херман. Еве една за приближувањето на есента на животот:

Жетвата е во тек.
Поетот во неговата активност треба да вклучува чувство на рамнотежа, желба за едноставност и хармонија и чувство да се
биде дел од нешто многу големо.

И дрвјата се веќе разредени.
Вечерта се ближи.


Еве една на многу актуелна тема, за земјотресите:

Земјата се тресе.
и погребува безмилосно.
Немајка Земја.

Преокупацијата на Ван Ромпеј со хаику предизвика извесна доза на забава во медиумите во Брисел кои постојано пишуваат за неговата поезија. Но, тој изгледа не е загрижен и ги покани новинарите на презентацијата на неговата книга. Притоа тој направи споредба меѓу поетите и политичарите, сугерирајќи дека како и на хаику писател, така и на добар политичар му се потребни квалитетите како умереност, директност и социјална солидарност:

„Поетот во неговата активност треба да вклучува чувство на рамнотежа, желба за едноставност и хармонија и чувство да се биде дел од нешто многу големо.“

Презентацијата доби голем публицитет, за човек кој како Ромпеј вообичаено работи во сенка. Имено, тој е познат по своите задсценски напори како белгиски премиер во 2008 година со што ја спаси земјата од распаѓање поради вечните расправии меѓу Фламанците кои зборуваат холандски и Валонците кои зборуваат француски јазик. Новата антологија песни е отпечатена на холандски, со преводи на француски, англиски и латински јазик. Почетниот тираж е две илјади и петстотини примероци.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG