Достапни линкови

Германија се уште не сака да даде пари за Грција


Германскиот министер за надворешни работи Гуидо Вестервел изјави дека Германија се противи на давањето финансиска помош на Грција пред земјата да понуди кредибилна програма за намалување на задолженоста. Ако ставите премногу пари на маса, ќе приметите дека Грција нема да ја заврши домашната задача на дисциплиниран начин, рече Вестервел на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург. Германија, една од економски најразвиените земји во Унијата, би требало да и помогне на Грција со приближно осум и пол милиони евра, кои ќе ги пласира преку Меѓународниот монетарен фонд. Унијата е подготвена да и` помогне на грчката економија да се извлече од кризата со пакет помош тежок 45 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG