Достапни линкови

Карзаи во посета на Индија


Индискиот премиер Манмонах Синг и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се состанаа денеска во Њу Делхи на разговори за билатерални односи кои се сметаат за клучни за регионалната стабилност. Индија е вклучена во реконструкцијата на Авганистан и обезбеди над милијарда долари помош од соборувањето на талибанците во 2001-ва година. Околу 4 илјади индијци градат патишта, електрични мрежи, а Индија ја гради и зградата на новиот парламент на Авганистан.
XS
SM
MD
LG